Минатиот викенд во Канели, Италија се одржа состанок со претставници на Македонците од Англија, Германија, Швајцарија, Франција, Италија и Македонија

На состанокот се дискутирани теми поврзани со моменталната политичка состојба во Македонија. Искажано е огромно незадоволсто од притварањето на македонските патриоти од страна на нелегитимно избраната власт која по државниот удар од 27 април не престана со терор врз македонскиот народ, посебно со своите неистомисленици. Огромна е и загриженоста за можниот губиток на македонскиот идентитет со потпишувањето на договорот со соседна Бугарија, понижувачкиот однос кон други соседни држави и најавите за „решение за името“ во првата половина од 2018.

Договорено е да се информираат што поголем број на емигранти поединци без разлика на нивното политичко убедување, како и здруженија и да се реагира за ова незаконско затварање и прогон на македонските патриоти и барање за нивно безусловно ослободување. Во спротивно најавени се масовни протести насекаде каде што има македонци, како и организирање на голем протест во Македонија. Македонската емиграција не може да се помири со овоие прогони по македонска и патриотска линија.

Најавено е и формирање на тело на дијаспората кое со свои извештаи, јавни  настапи и соопштенија ќе ја известува европската и светската јавност за теророт и диктатурата, посебно врз етничките македонци неистомисленици, политичките прогони и притисок  кој настапи во Македонија по државниот удар на 27 април. Македонската емиграција, како и секогаш, будно ги следи настаните во Македонија и нема да се помири со вакво насилничко и недемократско однесување од било која власт.

Advertisement