Министер за земјоделство, рурален развој и водостопанство на посета кај Македонците во Мала Преспа

Министер за земјоделство, рурален развој и водостопанство од Социјалистичкото движење за интеграција Едмонд Панарити, претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ и градоначалник на општина Пустец Едмонд Темелко, и генералниот секретар Васил Стерјовски во посета на жителите на село Глобочени, Мала Преспа кој одгледуваат чај. На барање на жителите, Министер за земјоделство, рурален развој и водостопанство, Едмонд Панарити договори следната недела да дојдат преставници од една голема компанија од Тирана која откупува билки и да отвори собирен пункт каде ќе се откупува чајот и други билки во Мала Преспa.