Министерката Стефоска на средба со албанската министерка за култура Маргарити во Тирана

Континуирана и интензивна билатерална соработка и координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот Регион во согласност со насоките од последниот извештај на Реактивната мисија на УНЕСКО, заеднички иницијативи и проекти за заштита на охридското крајбрејже како заедничка вредност, како и најава за скорешна заедничка седница на националните комисии за УНЕСКО, беа клучните теми на денешната средба на министерката за култура, Ирена Стефоска, со колешката од Албанија, Елва Маргарити, во Тирана.

Двете министерки ја потврдија традиционалната соработка меѓу институциите и уметниците на двете земји и разговараа за можностите за подобрување на соработката во сите дејности. Беше поздравено и потпишувањето на Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Советот на министри на Албанија за основање културно- информативни центри во Македонија и во Албанија, која влезе во сила на 1 април 2020 година.

Министерките за култура, Стефоска и Маргарити, го реафирмираа и прашањето за потпишување нова Програма за културна соработка меѓу Министерството за култура на Македонија и Министерството за култура на Албанија за периодот 2021 – 2026 година.

Advertisement