Министерката за образование на Русија бара враќање на кирилицата во ЗНД

Министерката за образование и наука на Русија Ољга Васиљева истапи со иницијатива за враќање на едно писмо на просторите на Заедницата на независни држави. „Последниве 10 години имаше многу голема тема: латинизацијата и арабизацијата на писмата. Еве сега ние треба да се вратиме на едно писмо на просторите на ЗНД – тоа е кириличното писмо“, изјави Васиљева.

Според неа, според анкетите, населението на ЗНД „зборува за приврзаноста и неопходноста од кириличното писмо“. „Светски јазик“. Порталот „Взгљад“ потсетува дека по распадот на Советскиот Сојуз Узбекистан, Туркменистан и Азербејџан преминаа од кирилица на латиница.

Покрај тоа, во април беше предложено и киргискиот јазик да премине на латиница, а пред тоа претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев наложи казашката азбука да се трансформира во латинична. Исто така, на крајот на април на интернет се појави и проект за латинска азбука за украинскиот јазик./mk.rbth.com

Advertisement