Министерот за надворешни работи на Македонија Димитров освари средба со Цакај овластен министер за Европа и надворешни работи на Албанија

На покана  на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера и денес (26 и 27 февруари 2019г.), во работна посета на Република Македонија престојуваше Гент Цакај, овластен министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија.

Министрите Димитров и Цакај на својата прва работна билатерална средба искажаа задоволство од развојот на односите и билатералната соработка меѓу Република  Македонија и Република Албанија, од постигнатите резултати во остварувањето на стратешките интереси, пред се’ со потпишувањето на Пристапниот протокол за членство на  Македонија во НАТО, како и европската перспектива на двете земји и регионот во целина.

МНР Димитров се заблагодари за брзата ратификација од страна на албанскиот Парламент на Пристапниот протокол за членството на нашата држава во НАТО.

Соговорниците се согласија дека унапредувањето на политичкиот дијалог меѓу земјите во регионот е единствениот начин за решавање на сите отворени прашања. Во таа насока, МНР Димитров ја пренесе искрената македонска поддршка за  нивно решавање, преку отворен дијалог и заемно разбирање, во функција на регионалната стабилност и европската иднина.

Беа разменети мислења околу можностите за натамошно унапредување на севкупната билатерална и регионална соработка, особено во областа на економијата, транспортот и енергетиката, инфраструктурното поврзување, образованието и културата.

Advertisement