Министерот за надворешни работи Никола Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура

Mинистерот за надворешни работи Република Макеоднија, Никола Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура „Ја сакам Македонија”, што во организација на Министерството за надворешни работи се одржува во Охрид, а на кој учествуваат Македонските дечиња од соседните земји на Македонија. Оваа манифестација се одржува од 2012 година.

Mинистерот Димитров изрази благодарност за интересот да се посетува наставата по македонски јазик и потенцираше дека бројното присуство е уште еден доказ за љубовта кон Република Македонија како нивна  татковина.

Министерот укажа на потребата, сите и особено најмладата генерација да го чуваме и афирмираме македонскиот јазик како наше најголемо духовно и културно наследство. Во таа насока тој изјави: „Овие манифестации се од огромна важност за нас како Македонци и нужно е да продолжат да се негуваат и да стануваат помасовни, пред се’ заради нашите идни генерации.”

Advertisement