
По повод големиот православнен празник Богојавлние-Водици денеска меѓу Македонците во Пустец, Мала Преспа беше македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој заедно со претставници на локалната власт и партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ ја посети и црквата „Свети Архангел Михаил“ што се наоѓа во центарот на Пустец. Министерот прсуствуваше и на положувањето на светиот крст,чин,што во водите на Преспанско Езеро го направи отец Алексо Темелко а меѓу многуте млади најсреќен беше Горан Цале, од Пустец.
Со радост и среќа, заедно со нашите Македонци во Пустец го празнуваме Богојавленије. На младиот Горан му честитам што беше најсреќен а на сите здравје, среќа,благосотојба,-порача Спасовски,кој го даруваше момчето со соодветен дар. Православниот празник Богојавлние-Водици беше прославен насекаде низ Албанија каде што живеат Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.
Од утро, Македонците традиционално се собираат во селските цркви, и после литургијата, а според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатуваат кон реките во Голо Брдо или во Преспанското езеро во Мала Преспа каде се фрла крстот. Меѓу Македонците во Албанија обичај е оној што ќе го фати крстот, во придружба на група, да ги посетуваат домаќинствата во населеното место, каде се даруваат со пари такa ќе ги обиколи сите куќи, во секое македонско село, крстот се враќа во селската црквата, каде што останува до следната година.
https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/923267497850874/
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden