
САД и државите од ЕУ на најгруб начин се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија, преку туркање на преименувањето на земјата во Парламентот, сметаат од руското Министерство за надворешни работи.
„По неуспехот на референдумот на 30 септември, организиран со надеж да се добие сенародно одобрување на грчко-македонското „компромисно решение“, Вашингтон и водечките земји од ЕУ имаат намера да го протуркаат внесувањето на диктираните промени во Уставот на земјата во Парламентот“, наведуваат од руското МНР. Според Москва, во прашање е најгрубо мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Република Македонија.
„Во моментов се случува најгрубото мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија, кое ги надминува сите разумни граници. Целта е внесување на Македонија во НАТО по секоја цена“, наведува руското МНР.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden