ММДЧП го осудува бугарското вознемирување на активистите на македонското малцинство овозможено од ЕУ

Политичката партија на Македонците ОМО “Илинден”-Пирин објави соопштение (подолу) во врска со драматичниот пораст на закани и малтретирање со кои се соочуваат од страна на бугарските власти и цивили.

По шокантната одлука на Европската Унија да ја поддржи кампањата на Грција за промена на името на Република Македонија и бришење на етничкиот идентитет и историјата на Македонците (ова се клучните цели на „Договорот од Преспа“), Бугарија ги испорача своите барања насочени кон Македонија, за кои исто така добива поддршка од ЕУ.

Најзабележителен и дрзок пример е „Францускиот Предлог“, со кој Емануел Макрон во целост ги поддржа бугарските барања за бришење на етничкиот идентитет и историјата на Македонците, и македонските интеграции во ЕУ директно се поврзуваат со капитулација по овие прашања*. Оваа политика е целосно поддржана од Европската Унија и е официјален став на ЕУ. (Прочитајте го нашето соопштение со кое ја осудуваме оваа постапка)

Пред неколку месеци, неколкумина европратеници ги осудија постапките на Бугарија како „спротивни на европските вредности“ и навреда на најосновните права на Македонците. Но оттогаш членовите на Европскиот Парламент молчат, веројатно присилно, со цел да се претстави „обединет европски“ пристап кон членството со кој ќе се промовирале „европските вредности“.

Овие „вредности“ не смее да вклучуваат бришење на правото на самоопределување и уништување на името, идентитетот, културата, јазикот и историјата на една цела етничка група.

Понатаму, членовите на Европскиот Парламент честопати ги осудуваат лидерите на разни држави кои ги газат човековите права на нивните граѓани, но сепак се спремни да го фалат режимот во Македонија кој врши исти – и многу полоши – кршења на човековите права на Македонците (прочитајте го нашето соопштение за кршењето на правата). Апсења на дисиденти, ужасни затворски услови, затворски казни за новинари, притисоци и закани врз граѓани, систематски одмазнички постапки против тие што изразуваат несогласување се само дел од тактиките на режимот. Тука спаѓа и вчерашната насилна полициска акција за растурање на демонстрантите (со тепање) кои протестираа против барањата на ЕУ и Бугарија. Во анти-демократските постапки на режимот спаѓа и самото учество во преговори за промена на името/идентитетот/историјата, кои се отфрлени од македонскиот народ, и илегалното наметнување на меѓународни договори со кои се крши македонското право, меѓународното право и конвенциите за заштита на човековите права.

Македонското меѓународно движење за човекови права го подвлекува својот повик кон сите кои се искрено ангажирани да ги бранат човековите права, да ги осудат ЕУ, НАТО и особено Бугарија и Грција, како и режимот во Македонија, за нивните анти-македонски политики, и да го бранат правото на Македонците на своето име, идентитет, култура, јазик и историја.

*ММДЧП е против членството на Македонија во ЕУ и НАТО бидејќи овие организации отворено ги кршат своите „вредности и цели – да шират демократија и човекови права“.

Тормоз против македонските организации во Бугарија (Изјава од ОМО “Илинден”-Пирин)

Денес на 5 јули 2022 г. дознавме од Друштвото за заштита на основни човекови права, дека сопственичките на изнајмената од нив просторија за Македонски културен клуб, се објект на закани од непознати лица. Две цивилни лица, кои не се претставиле, дошле кај сопственичките и им се заканиле и побарале да го избркаат друштвото од просторијата. Потоа им рекле дека пак ќе дојдат. Исплашените сопственички денес го замолиле Друштвото да го прекинат договорот по заемна согласност. Од друштвото изјавуваат дека ќе го внесат случајот во Обвинителството и ќе се борат за своите права.

Во минатото на сличен начин и повеќе пати со анонимни јавувања на телефон беа правени закани против животот и здравјето на уредникот на Народна волја Георги Христов и неговата сопруга. Сторителите и покрај повеќе жалби во полиција никогаш не беа откриени, но после секоја жалба прекинуваа привремено со заканите.

Силно се сомневаме дека сторителите ќе бидат пронајдени или санкционирани. Бугарските институции никогаш досега ги немаат заштитено Македонците во Бугарија, кога биле објект на дискриминација.

Advertisement