ММДЧП на средба во Канадаското министерство за надворешни работ упати повик да престанат со анти – македонска политика

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов се сретна со Ани Лагуе, директорка за политики на Министерот за надворешни работи на Канада Марк Гарне, при што повика итно да престане непромислената поддршка што Канада ја дава за принудното преименување на Република Македонија, како и да го осуди режимот на Зоран Заев за непрестаното кршење на човековите права на Македонците.

Принудното преименување на Македонија се врши на барање на Грција, која се закануваше дека ќе стави вето на приемот на Македонија во ЕУ и НАТО додека Македонија не го смени името, идентитетот и историјата, не и ги предаде поимите „Македонија“ и „Македонци“ на Грција, и не се откаже од постоењето на Македонци во границите на Грција. Бугарија го следеше овој пример и најави вето на македонскиот прием во ЕУ додека не бидат исполнети нејзините барања, меѓу кои декларација со која ќе се прогласи дека Македонците се „всушност Бугари“, додека не се негира постоењето на Македонци во рамките на Бугарија и не се препише македонската – и еврејската – историја за да се избрише секое спомнување на бугарскиот прогон на Македонците. Бугарија бара и да се избрише секој спомен на нивнот сојуз со нацистичка Германија во Втората Светска Војна, окупацијата на Македонија и депортирањето на над 7,000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска.

Одговорот на земјите членки на НАТО и ЕУ, меѓу кои и Канада, не беше да се осудат овие барања туку да се прослави продолжувањето на „евро-атланската интеграција“ на Македонија – со целосно негирање на најосновните човекови права на Македонците.

Николов и укажа на Лагуе дека ако ваквото однесување се примени кон било која друга држава, ќе се соочиме со итна осуда. Никој не би помислил да го негира правото на етнички идентитет на Франција и да бара од французите да признаат дека имаат „германски корени“ или пак дека Германија ја „ослободила“ Франција во Втората Светска Војна. Никој не би помислил да бара од домородните народи на Америка да ја прославуваат англиската колонизација и нивното освојување.

Во трката да ги исполни желбите на ЕУ и НАТО, режимот на Зоран Заев изврши принудна промена на името на Македонија, илегално и брутално ги замолчуваше – и продолжува да ги замолчува – сите изрази на противење. Режимот апси дисиденти; испрати полициск специјалци да тепаат и апсат мирни демонстранти; брка илјадници Македонци од нивните работни места (во јавниот и во приватниот сектор); затвора медиуми и им изрекува затворски казни на новинари; блокира пристап до социјалните мрежи за поединци и критички медиуми; го забрани и криминализираше користењето на зборот „Македонија“; прогонува и заплашува македонски граѓани, вклучително со физички напади и подметнување пожари; осудува македонски политички затвореници на долги затворски казни и ги држи во неприфатливи услови.

Advertisement