Мониторинг на Комитетот на министрите на Советот на Европа врз Софија за непочитување на македонските малцински права

Последниве две пресуди во Стразбур се добиени во исклучително важен момент за македонското малцинство во Бугарија, вели Стојко Стојков, копрестедател на ОМО “Илинден”-Пирин. Бугарските власти со години не дозволуваат регистрација на македонски здруженија повикувајки се на одлуката на Уставнот Суд од 200 дека македонски етнос во Бугарија не постои. Ваквата ситуација доведе до силен мониторинг на Комитетот на министрите на Советот на Европа  врз Софија која не ги почитува македонските малцински права и не ги спроведува пресудите од Стразбур.

Стојков очекува дека под силен притисок на активистите за македонски права во Бугарија, Софија ќе мора да ги промени своите ставови, па дури и да ја регистрира партијата ОМО “Илинден”- Пирин со која води долги спорови поништувања на регистрации, и пресуди пред  Европскиот суд за човекови права. Македонскиот клуб за етничка толеранција, и Друштвото на репресирани Македонци во Бугарија жртви на комунистички терор, спорот во Стразбур го добија врз основа на повреда на членот 11 од конвенцијата за човекови права со кој се гарантира правото на мирно собирање и слободно здружување. Софија со години одбиваше да ги регистрира овие невладини организации./www.sitel.com.mk