Муцунски пристигна во Тирана, пречекан од Пренти, заменик-министерката за Европа и надворешни работи на Албанија

Фото: Фб страница на Тимчо Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, пристигна во Тирана, каде што беше пречекан од заменик-министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Вилма Пренти, која му посака срдечно добредојде.

Муцунски ќе учествува на Министерскиот состанок посветен на Коридор VIII, заедно со своите колеги од Албанија, Италија, Бугарија и Романија.

Во фокусот на состанокот се инфраструктурните проекти што се реализираат долж Коридорот VIII, како и предизвиците со кои се соочуваат земјите. За нивно надминување е неопходна засилена политичка координација и продлабочена регионална соработка.

Во објавата на Фејсбук, Муцунски упати благодарност до заменик-министерката Вилма Премти за срдечното добредојде.