МЗТ Скопје шести пат по ред шампион на Македонија

МЗТ Скопје и Карпош Соколи одиграа интересен, неизвесен натпревар со драматична завршница кои го доби тимот од Аердором со 86:82 и шести пати по ред стана шампион на Македонија. МЗТ Скопје е шампион на Македонија.

Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, двете екипи се менуваа во водство, на три минути до крајот Карпош Соколи имаше четири поени предност 78:74, но промашија неколку шутеви за три поени, МЗТ Скопје со серија од 6-0 го врати водството. На минута и пол до крајот беше нерешено, но последните секунди од мечот му припаднаа на МЗТ Скопје, Дреновац реализираше тројка, па Клоф две слободни фрлања и се беше јасно. Конечниот резултат гласеше 86:82.
Клоф со 29 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје, Дреновац постигна 23. Кај Карпош Соколи по 17 реализираа Лабовиќ и Пери. МЗТ Скопје ја продолува доминацијата во домашната кошарка, ја слави шестата титула по ред, а од следната сезона повторно ќе биде единствениот македонски претставник во АБА лигата.
Advertisement