На вториот граничен премин, Требиште – Џепиште областа Голо Брдо кој е од локален карактер фреквенцијата е речиси на исто ниво.
На овој премин за влез се регистрирани 6103 патници од нив 3100 на влез, додека 3003 на излез. Минатиот август на влез се регистрирани 3058, а на излез 3055 патници, додаваат од МВР.
Овој граничен премин е од локален карактер, во летниот период работи од 8 до 20 часот, додека во зима од 8 до 18 часот и право да го користат имаат жителите од граничниот регион. Граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо главно се користи за посета на роднини, пријатели или по повод домашни веселби, поради роднинската поврзаност со жители од македонските села во областа Голо Брдо но и од Дебар.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
