На турско-бугарската граница запленети 775 килограми хероин

Турската полиција на границата меѓу Турција и Бугарија заплени 775 килограми херон, заплена од страна на турските власти. Како што јави БТА, дрогата е откриена во камион со ирански регистарски таблички кој патувал од Турција кон Бугарија. Со камионот се превезувале две лица, ирански државјани, кои се задржани во притвор во Едрене. Еден од приведените е син на сопственикот на камионот. Приведените при распитот во полицијата изјавиле дека не знаеле оти во камионот се наоѓа дрогата. Камионот тргнал од Иран и според царинските документи, превезувал стоки до Романија.

Advertisement