Најмалку 17-мина ученици повредени кога автобус со средношколци излета од пат во Албанија

Најмалку 17 ученици се полесно повредени попладнево во Албанија кога автобус што превезувал средношколци излета од патот во близина на преминот Ќафасан, на албанско- македонската граница. Несреќата се случила нешто по 17 часот, кога автобусот, во кој биле 50 ученици излетал од патот и удрил во заштитната ограда. На повредените ученици, медицинска помош им е дадена во болницата во Прењас каде биле транспортирани со возила на случајни минувачи, бидејќи на местото на несреќата прстигнало само едно возило на брза помош. Средношколците биле од гимназијата во Росковец и се враќале од екскурзија во Макаедонија. Според полицијата, причини за несреќата се влажниот коловоз и невниманието на возачот.

Advertisement