Многумина беа обвиени со англиски знамиња, а ги пречекаа учесници на контра-митингот кои извикуваа слогани за поддршка на мигрантите, пишува Мирор. Тензиите ескалираа, а видеата на социјалните мрежи покажаа демонстранти како фрлаат предмети кон полицијата, принудувајќи ги да се повлечат.
Демонстрантите потоа ги скршиле стаклата на хотелот, а потоа ја запалиле зградата. Откако синоќа избија насилни протести ширум Англија, досега се уапсени најмалку 100 лица, а за денеска се најавени нови демонстрации во повеќе градови. Немири и протести беа предизвикани од напад со нож во градот Саутпорт каде 17-годишник уби три девојчиња на час по танц.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
