НАТО во Албанија ќе гради воздухопловна база за Западен Балкан

 

НАТО планира да изгради воздухопловна база за Западен Балкан во Кучова, Албанија, тврди албанскиот премиер, Еди Рама. Северноатлантскиот совет ја одобри одлуката за изградба на првата воздухопловна база за Западен Балкан во Албанија. Со средства на Северноатлантската алијанса и во партнерство со Владата на Република Албанија, НАТО ќе инвестира повеќе од 50 милиони евра, само за првата фаза од проектот за модернизација на воздухопловната базата во Кучова“, напиша Рама на својот фејсбук профил.

Тој додава дека Кучова, исто така, ќе служи како национална база за албанските воздухопловни сили и оценува дека стратешката инвестиција на НАТО во Албанија претставува нов стандард за албанските вооружени сили. „Несомнено, оваа огромна инвестиција создава нови можности за економски и социјален развој на целиот регион“, смета Рама. Tој истакнува дека во моментов се во тек и директни разговори со САД, за кои вели дека се стратешки партнер на Албанија, со цел понатамошно модернизирање на албанските  воздухопловни капацитети.

 

Advertisement