Николов бара средба со канадскиот премиер Трудо, да каже зошто се приклучил на притисокот врз Македонците   

Лидерот на Македонското Меѓународно движење за човекови права од Канада, Бил Николов јавно бара средба со канадскиот премиер Џастин Трудо. Николов објавува фотографија од неговиот татко пред да ја напушти Егејска Македонија и замине во Канада. Тој очекува Трудо да објасни зошто ја напуштил канадската политика кон Македонија и се приклучил на притисокот врз Македонците.

“Татко ми, на последниот ден во Желево, Егејска Македонија, пред да емигрира за Канада. Го преживеа грчкиот прогон. Канада не’ поддржуваше – додека Трудо не им се приклучи на САД во притисокот врз сите Македонци да се преименуваат. Џастин, сретни се со мене и КАЖИ МИ ЗОШТО”, пишува Николов во јавната покана до Трудо.

Advertisement