Николов: Нашето Mакедонско име, идентитет и историја не се монети за поткусурување со кои ќе си играат нашите политичари

Нашето Mакедонско име, идентитет и историја не се монети за поткусурување со кои ќе си играат нашите политичари и странските агресори. Тие немаат право да се однесуваат кон Македонија како да е играчка. Барајте да се стави крај на оваа расистичка игра.

Ова е нешто што македонското меѓународно движење за човекови права и го кажува на секоја последователна македонска влада од осамостојувањето во 1991 година, но без никаква корист.

И погледнете каде сме денес.

Им кажавме на секој македонски премиер, претседател и владин претставник дека вештачкиот спор за името е сеопфатно прашање што предизвикува хаос во Македонија.

Престанете да преговарате за нашето име и спорот за името ќе изчезне. Престанете да барате од Западот  да ги реши сите проблеми во Македонија, кога токму Западот создава многу од нив.

Ако Европската унија и НАТО ви кажат да го промените своето прастаро име за да влезете во коалиција со угнетувачите, тогаш не се ангажирајте. Западот избра да интервенира во Македонија и да овозможи коалиција на воени злосторници и продадени политичари, затоа што тие ги сметаат за попрозападни.

Со други зборови, подобни за контролирање.

Да ги цитирам Сејнфелд и Супермен, во каков бизарен свет живееме?

Дали некоја друга земја дури и би се вклучила во таква дискусија?

Македонски политичари вие немате право да си поигрувате со името на нашата земја и етничкото потекло на нашиот народ „Кој ви даде право да преговарате за нашето име?“

Ние ви рековме дека Западот ве третира точно онака како што вие барате да бидете третирани.

Ако вие не се заложите за себе си , дали мислите дека тие ќе се заложат?

Искористете ги предностите од Македонците кои живеат во странство, кои знаат како мисли Западот, и кои жестоко ја бранат Македонија повеќе отколку било кој од нејзините политичари досега. Нашето име е Македонија и ние сме Македонсци. – пишува Бил Николов кој е лидер на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада во статус на Твитер.

Advertisement