Нов проект на македонските  железници „На кафе во Солун“

Македонски железници е во преговори со грчкото железничко претпријатие „TrainOSE“ за воведување на нови поаѓања од Скопје за Солун, Егејска Македонија за туристичките центри Лептокарија и Неи Пори, но и за директна врска од Скопје до Истанбул.
Проектот наречен „На кафе во Солун“ ќе овозможи секојдневно железничко поврзување меѓу Скопје и омилената дестинација за шопинг на Македонците. Од Македонски железниц велат дека во летните месеци овој воз би сообраќал до Неи Пори, при што нашата железница би се поврзала со туристичките агенции за превоз на групи до неколку крајбрежни дестинации на северот на Грција. Од Македонски железниц посочуваат дека се водат разговори за воведување во сообраќај на воз Битола – Лерин по пругата која што беше целосно реконструирана на крајот од минатата година.
Локални прекугранични возови се предвидени и со Србија, за што се водат преговори и со тамошните државни железници. Локалниот воз Скопје – Табановци, да се поврзе преку возните редови, со локалниот воз Прешево – Ниш.
Доколку успеат преговорите со „Србија Воз“, експресниот воз „Хелас експрес“ кон Белград и кон Солун би сообраќал подолго време, а не само во периодот од 15 јуни до 16 септември. Од Македонски железници информираат дека се направени првични разговори со турските железници за можно воведување на директен воз Скопје – Солун – Истанбул.