Нова мрежа од канали за наводнување во Голо Брдо (ВИДЕО)

Нова мрежа од канали за наводнување во Голо Брдо Градоначалникот на Општина Булќиза Лефтер Ала објави дека заврши изградбата и чистењето на каналската мрежа за наводнување во областа Голо Брдо од селото Тучеп до селото Черенц во должина од 19 километри .

Каналската мрежа за наводнување е од витално значење за Македонците во областа Голо Брдо со оглед на фактот што земјоделието е една од најпрактикуваните гранки, така што се очекува следната земјоделска сезона да биде многу полесна за жителите на селата Тучеп, Владимерица, Пасинки, Миреш, Тoрбач, Черенец, Голевиш и Вишишта. Каналската мрежа за наводнување, изградена од Општина Булќиза ќе опслужува околу 700 хектари земја.

Дел од 19-те километарска мрежа е реконструиран во рамките на програмата „Вода во секоја парцела“. “Се надеваме дека овој канал со должина од околу 19 километри ќе им помогне на сите жители на овие села да го зголемат земјоделското производство” – истакна градоначалникот на Општина Булќиза, Лефтер Ала.

Овој канал поминува низ административната единица Острени, област Голо Брдо. За жал, административната единица Острени која беше некогашна општина Големо Острени, беше укината со носењето на последниот Законот за територијална поделба во Република Албанија.

https://www.facebook.com/edirama.al/videos/369928868049039