Нови 19 пациенти со коронавирус во Македонија вкупно 67 до сега

Бројот на новозаболени од коронавирус до 10 часот во Македонија е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67, информираше Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека вчера попладне и во текот на ноќта преку ИЈЗ на коронавирус биле тестирани 71 лице.

„Од нив две лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија“, информира Министерството.

Advertisement