Нови кадровски промени во Владата на Еди Рама широко реструктурирање на кабинетот

Состанокот на пратеничката група во Социјалистичката партија донесе промени во владата. Премиерот Еди Рама одлучил да разреши неколку од неговите министри во кабинетот, што доведе до широко реструктуирање во некои од клучните министерства.

Промените вклучуваат неколку важни позиции, вклучувајќи го Министерството за инфраструктура и енергетика, Министерството за внатрешни работи, Правда, Одбрана и Министерството за односи со парламентот.

Белинда Балуку ја напушта функцијата и е заменета со Енеа Каракачи, кој ја презема функцијата министер за инфраструктура и енергетика.

Албана Кочиу ја заменува Белинда Балуку како вицепремиер.

Бесфорт Ламалари е назначен за министер за внатрешни работи, на местото на Албана Кочиу.

Тони Гогу ја презема функцијата министер за правда, на местото на Бесфорт Ламалари.

Ферит Хоџа е назначен за министер за надворешни работи, додека Елиса Спиропали е отстранета од функцијата.

Ермал Нуфи ја презема функцијата министер за одбрана, на местото на Пиро Венгу.

Ериона Исмаили е назначена за министерка за односи со Парламентот, на местото на Тони Гогу.