Обединетата Македонска Дијаспора апелира воздржување од насилство во Македонија

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) апелира до граѓаните на Република Македонија да се возржат од насилство. Насилството не е решение и води до загрозување на иднината, слободата и стабилноста на Македонија. Единствено и демократско решение за излез од кризата е дијалог помеѓу сите политички партии, а не ескалирање на ситуации како денешната во Собранието со изборот на Талат Џафери за Претседател на Собранието на Република Македонија. Исто така, ОМД апелира до меѓународната заедница, преводена од САД и ЕУ, итно да ја бојкотира наметнатата Тиранска платформа со што би се смирила тукушто настанатата критична состојба во Република Македонија

Advertisement