Обединетата македонска дијаспора изразува загриженoст за влошеното здравје на борецот за човекови права на Македонците, Едмонд Темелко

 

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е сериозно вознемирена од веста за влошеното здравје на Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, град во Албанија близу границата со Македонија, кој во 2010 година ја доби Наградата за човекови права на ОМД. ОМД им испраќа најискрени желби за брзо оздравување на Темелко и на неговото семејство.

За време на неговиот градоначалнички мандат, Темелко се има покажано како посветен борец за човековите права на македонското малцинство во неговиот град, како и во останатите делови од Албанија, осигурувајќи се дека истото е третирано со должна почит и достоинство. За време на неговата активност на албанската политичка сцена, Темелко се има покажано како столб на толеранцијата, плурализмот и еднаквоста. ОМД се надева дека Темелко ќе продолжи да ја извршува оваа функција уште многу години.

Воедно, ОМД изразува загриженост за обвинувањата за изборни измами против Темелко од страна на Специјалното јавно обвинителство. ОМД предупредува дека со селективниот пристап за притвор, се крши правото за не-дискриминација, и се надеваме дека на Темелко ќе му биде овозможен еднаков третман со другите обвинети, како и фер и транспарентен судски процес. ОМД им се придружува на претседателите на Македонија и на Албанија кои веќе изразија загриженост за здравствената состојба на Темелко. Ваквата загриженост добива уште поголемо значење поради неговото апсење. ОМД ќе продолжи да инсистира Темелко да ја добива потребната медицинска грижа додека е во притвор.