Отворен е третиот повик од ИПА2 програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, Инструментот на Европската Унија во вредност од 4,930,000.00 евра.
Повикот има три приоритетни области:
1. Делот на туризамот, културното и природното наследство;
2. Економија и тоа: конкуренција, бизнис, трговија и инвестиции
3. Екологија: заштита на животната средина, адаптација и ублажување на климатските промени, превенција и менаџирање на ризици.
Министерството за локална самоуправа на Македонија кофинансира 15% од висината на проектите. Сите потребни информации за јавниот повик се објавени на веб страницата на Министерството за локална самоуправа, на линкот на Програмата за прекугранична соработка МК-АЛ (http://ipacbc-mk-al.net/mk/).
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
