Објавени нови аудио снимки за Еди Рама во германски медиуми (ВИДЕО)

Германскиот весник „Билд“ објави нови аудиоснимки, овојпат разговори меѓи албанскиот премер Еди Рама и директорот на Центарот за емиграција во албанското МВР Арбен Кечи.

На аудиоснимката, според албанските медиуми, Рама и Кечи разговараат за влијанието во изборните резултати во 2017 година. Во реакцијата на премиерот Рама се наведува дека со овие снимки опозицијата се обидува да го блокира почетокот на преговорите на Албанија со ЕУ.

Претседателот на Демократската партија Љуљзим Баша пак рече дека снимките се доказ дека изборите во 2017 година се купувани со пари од криминални активности.