ОБСЕ: Албанската полиција да не зазема страна на изборите

Амбасадорот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Бошард упати апел до албанската полиција да не зазема страна на изборите и да им гарантира на граѓаните дека конечните резултати од изборите ја одразуваат политичката волја на целото албанско општество.

Тој им се обрати на полицајците кои почнаа обука за изборниот процес за претстојните локални избори, закажани за 30 јуни. Директорот на државната полиција Арди Велиу рече дека строго и доследно ќе се почитува законот.