ОБСЕ/ОДИХР: Критики за изборниот процес во Албанија

Сериозни критики за изборниот процес и за денот на гласањето изнесе денес шефицата на посматрачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР со констатација дека единство добра работа е што гласањето поминало мирно.

Амбасадроката Одри Гловер од Велика Британија на денешната прес-конференција ги изнесе своите забелешки на изборниот процес кој е сериозен удар за демократските капацитети на земјата.

„Изборите беа спроведени во многу поделена политичка ситуација, а во 31 од 61 општина имаше кандидат за градоначалник само од една партија Социјалистичката партија. Има потврдени информации дека граѓаните биле под притисок од двете страни. Политичката конфронтација доведе до правна несигурност и многу одлуки на изборната администрација беа донесени со политичка цел за да можат изборите да се спроведат“, изјави Гловер.

Таа додаде дека гласањето генерално беше спроведено на задоволителен начин, а целосно позитивен беше и процесот на пребројување на гласовите, иако неколку процедури не беа спроведени на коректен начин.

Клучната порака на ОБСЕ/ОДИХР, која секако е сериозен удар за владата на премиерот Еди Рама е следната:„Видовме дека гласачите се под притисок. Имаше случаи кога на избирачите не им беше дозволено да гласаат слободно“. Гловер додека дека и медиумите не се слободни, а кога известувале за изборните прашања тие се фокусирале на политичката криза.

Advertisement