ОБСЕ прифаќа да посредува во политичкиот дијалог во Албанија 

Органзацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е подготвена да посредува во дијалогот за надминување на повеќемесечната криза во која се наоѓа Албанија. Ова за тиранската телевизја Ора њуз го потврдиле од кабинетот на генералниот секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Роберто Монтела, од каде додаваат дека тој планира да ја посети Тирана, но форматот на посетата ќе зависи од политичката волја во Албанија.

Премиерот Рама и лидерот на опозицијата Баша, продолжуваат да заземаат спротивни ставови за условите на можниот дијалог. Лидерот на опозицијата се согласува на дијалог со Еди Рама само кога тој ќе поднесе оставка како премиер. Но, досега шефот на владата негираше каква било можност за негово разрешување од извршната власт.

Mинатиот месец пртседателот Илир Мета достави официјално барање до ОБСЕ со кое побара органзацијата „да ја одигра улогата на медијатор за да се надмине повеќемесечната длабока политичка криза во која се наоѓа земјата“. Во одговорот до него ОБСЕ потенцира дека олеснувањето на дијалогот може да биде успешно само со согласност и учество на сите релевантни страни преку широк национален процес.

Advertisement