Обвнителството побара одземање на пратеничкиот имунитетот поранешниот албански министер за внатрешни работи Тахири

 

Обвнителството за тешки кривични дела достави барање до парламенот за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот албански министер за внатрешни работи, Саимир Тахири. Во официјалното соопштение стои дека тоа се бара во рамки на истрагата за криминална група која се занимавала со трговија на големи количини мархуана од Албанија за Италија последните,синоќа, добиени документи од италијанските власти конкретно за Тахири.

Врз основа на податоците од досегашната истрага Обвинтелството бара од парламентарна мандатна комисија дозвола за апсење, лишување од слобода и контрола на домот на поранешниот министер за внатрешни работи. Во исто време, како што јавуваат албанските медиуми, големи полициски сили и агенти на албанската тајна служба (ШИШ) се во непосредна близина на куќата на Тахири, која се наоѓа во луксузниот дел на Тирана. Инаку, врз основа на Кривичниот законик на Албанија за вакво кривично дело максималната казна е 32 додека минималната14 години затвор.