Од 1 октомври Македонците ќе можат да го посетат Санкт Петербург со бесплатна виза 

Од 1 октомври 2019 година туристите ќе можат да ја посетат културната престолнина на Русија и околниот регион со електронска виза, без конзуларни такси. Декрет за таа цел потпиша рускиот претседател Владимир Путин.

Апликантите треба да пополнат формулар на веб-страницата на конзуларното одделение на руското Министерство за надворешни работи и да закачат фотографија; нема никаква конзуларна такса. Апликацијата може да се пополни не подоцна од четири и не порано од 20 дена пред очекуваниот датум на влегување.

Визата важи за престој во Санкт Петербург и околната Ленинградска област до осум дена. Целта на патувањето може да биде туризам, бизнис или хуманитарни причини.

На почетокот на јули беше воведена е-виза за патувања во Калининград и Калининградската област за граѓаните на 53 земји, меѓу кои и Македонија. Слична шема е во функција за Владивосток и аеродромите низ целиот Далекоисточен федерален округ на Русија.

Advertisement