Од јануари 2021 година манималната плата во Албанија 243 евра

Националниот совет за труд, кого го сочинуваат седуммина министри од албанската влада, одлучија висината на минималната плата да се зголеми за 15,4 осто. Според министерката за финансии и економија, Анила Денај, која раководеше со седницата, тоа со цел „одржување на животниот стандард за вработените и во државниот и во приватниот сектор“.

Минималната основна плата на ниво на држава, се предлага да биде 30. 000 лек (243 евра) месечно од 26. 000 леки (211 евра) колку што изнесуваше со одлуката од декември 2018 година. Тоа значи зголемување за 15,4 отсто или 32 евра, рече министерката. Додаде дека овој износ на мнимална плата,како и до сега, должни се да го исплаќаат сите правни субјекти, односно домашни и странски фирми.

Зголемувањето на минималната плата отсекогаш била иницијатива на Владата, во рамки на „достоинствена плата“ за „ достоинствена работа“, земајќи ги предвид и барањата на синдикатите, додека „социјалната одговорност“ на бизнисот за достонствена работа е мерливо, преку здравственото осигурување и посебно со реална плата и реално социјално осигурување, рече Данај. Одлуката ќе почне да се применува од јануари 2021 година. Моментно минималната плата во Албанија е најниска во регионот.