Одбележан денот на св. Методиј во Елванген, Германија

Во малото градче Елванген, Германија традиционално се прослави Св. Кирил и Методиј. Градоначалникот и градот срдечно ги примија бројните гости од Македонија, Словачка и другите држави кои се поврзуваат со овој просветител и светец. Во 870 Св. Методиј е уапсен од епископот од Пасау Ерманрич и затворен во Бенедиктинскиот манастир во овој град. Подоцна по намесата на папата Јован VIII е ослободен во 873.

Со Богослужбата на МПЦ-ОА чиноначалствуваше отец Миле Велјановски а присуствуваа верници од блиските црковни општини во Штутгарт, Минхен, Улм и Аален. Гостите ги поздрави градоначалникот на Елванген кој нагласи дека е срекен бидејки разни народи се собираат и со овој повод заедно празнуваат. Гостите ги поздрави Конзулот на Република Македонија во Минхен  Сашо Аврамовски кој во името на сите грагани на Македонија се заблагодари и ги повика сите заедно да продожат во духот на разбирањето да го слават овој светец.

Advertisement