Охрид најубав за посета за време на летото

 

Град од мала држава, во Западен Балкан. Место на природна убавина и културно наследство. Место најчесто посетувано од домашните туристи и оние во дијаспората. Место каде што можете да пливате во небесно синото езеро и да слушате прекрасна традиционална музика. Тоа е градот Охрид, во Република Македонија.

Градот има медитерански дух, иако е опколен со планини, освен што можете да пливате и да се релаксирате на многубројните плажи, можете да ги посетите националните паркови и да планинарите во регионот околу градот.

Градот го истакнува и заради православната архитектура, односно многубројните цркви. Не изостанал од пофалби и прекрасниот поглед кон езерото и градот, особено ноќе. Охрид прекрасен град со разумни цени, за разлика од другите Европски градови, кој нуди различни културолошки активности, има аеродром односно е лесно достапен, а како голема предност го потенцира немањето потреба од автомобил, бидејќи до многуте забавни и убави места може да се стигне пеш.