Охридско Езеро кај село Лин порибено со 1,5 милиони парчиња подмладок на охридска пастрмка (ВИДЕО)

Водите на Охридско Езеро, кај село Лин, општина Подградец, денеска беа збогатено со 1,5 милиони парчиња подмладок на охридска пастрмка,соопштија од општина Подградец. Од година во година се зголемува количината на подмладок со кој се порибуваат езерските води. Но, ова денеска е рекордна бројка.

Тоа е резултат на нашата посветеност за збогатување на рибниот фонд, изјавил Бленди Чучи, министер за земјоделство и рурален развој, кој одблиску го следел чинот на порибување аи самиот учествувал во него. Се пофалил дека во однос на количината подмладок на пастрмка со која е порибено езерото „ е далеку од количната со која нашите македонски соседи порибуваат од нивна страна“.

Министерот Чучи најавил засилени мерки за заштита на рибниот фонд,пред се ригорозни казни за оние кои на недозволен начин ќе ловат риба. Градоначалникот на Подградец Илир Џаколи најавил дека почнувајќи од следната година, денот кога ќе се порибува езерото ќе биде организирана неколкудневна прослава во селото Лин, насловена како „Празник на пастрмката”.