ОМД: Македонските лидери имаат должност да ги заштитат името и идентитетот

 

Обединетата македонска диjаспора (ОМД) порачува дека македонските лидери имаат апсолутна должност да го почитуваат уставното име на Република Македонија и оти нема да го признааат ниту поддржат „заемното прифатливо решение” – еуфемизам за промена на името, ниту напорите на коj било политички субjект во Македониjа за спроведување референдум за прифаќањее на компромисно име договорено на преговарачки стол.

Името на Македонија е длабоко врежано во сржта на нашиот идентитет и тоа е составен дел од нашата вековна борба за самоопределување и суверена независност. Тоа не е нешто за што смее да се преговара преку практична политика и дипломатија. Македонците во границите на сопствената држава, но и македонското малцинство што живее во Албанија, Србија, Бугарија и Грција, заедно со нашата дијаспора, на глобално ниво, нема да прифатат апсолутно никаква промена, ниту, пак, размена на нашето име и идентитет за членство во некоја меѓународна организација или сојуз“, велат од ОМД. ОМД, додаваат, континуирано ги поддржува напорите на Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО, но не по цена на промена на името.

„Со децении Грција е главната пречка во барањата на Македонија за поголема регионална стабилност и безбедност. Низ годините, Македонија докажа дека е подготвена да се справи со грчкиот проблем, особено со менување на своето знаме и реафирмирање на мировната намера во нејзиниот Устав, во обид за помирување. Сите овие чекори на добра волја не дадоа плод бидејќи Грција покажа неразбирлива нефлексибилност во поглед на аспирациите на Македонија во насока на обезбедување заслужено членство во НАТО и во ЕУ, но особено кон напорите за меѓународно признавање на нашето уставно име“, потенцираат од ОМД.

Advertisement