Омо „Илинден”-Пирин бара ослободување на Едмонд Темелко

Омо „Илинден“-Пирин, политичка партија на Македонците во Бугарија со голема загриженост ја прими веста за апсењето на градоначалникот на Пустец, Мала Преспа и еден од најистакнатите лидери на Македонците во Албанија Едмонд Темелко. Обвинувањата против него звучат несериозно и создаваат впечаток дека тој е жртва во внатрешно партиските пресметки во Република Македонија. Не можеме да не констатираме дека уставната обврска на владите на Република Македонија да се грижат за правата на Македонците во соседните земји се демонстрира на многу контрапродуктивен начин. Омо „Илинден“-Пирин повикува на запирање на политичкиот прогон против Едмонд Темелко, а политичките сили во Република Македонија ги повикува да покажат повеќе национална и политичка одговорност – стои во соопштението на Омо „Илинден“-Пирин.