ОН: Во Македонија живеат најнесреќните луѓе на Балканот

Според најновите истражувања на ОН “World Happiness Report“ најсреќните луѓе во светот живеат во Финска, Данска и Норвешка.

Исланд, Холандија, Швајцарија, Шведска, Нов Зеланд, Канада и Австрија се другите земји од Топ-10 најсреќни. САД е на 19-та позиција, Русија на 68 место, а Кина е 93-та.

Извештајот ги рангира земјите врз основа на конечниот индекс на среќа, а таа е дефинирана во неколку категории: БДП по глава на жител, слобода, великодушност, социјална поддршка, перцепција на корупцијата во владата или компаниите и здравјето на луѓето, како и пристап до медицинската нега.

Во екс-југосовенските земји, најсреќните луѓе живеат во Словенија и се наоѓаат на 44. место во светот. Зад Словенија е Косово, кое е на 46 место во светот. Србија е на 70. место, Црна Гора на 73., Хрватска на 75., Босна и Херцеговина 78. и Македонија на најниска 84. ранг листа од вкупно 156 земји опфатени со истражувањето.

Гледајќи одредени категории, гледаме дека во земјите од регионот, социјалната поддршка е најслаба во Босна и Херцеговина, а чувството на слобода е најниско во Црна Гора. Корупцијата е најзастапена во БиХ и Косово.

Од Балканот, Грција е пред Македонија за две позиции, додека Бугарија и Албанија се зад неа на 97 и 107 место. Најмалку среќни луѓе во светот се граѓаните на Јужен Судан, Централна Африканска Република и Авганистан. На дното на листата се уште Танзанија, Руанда, Јемен, Малави, Боцвана и Сирија