Опозицијата во Албанија бара чистење на политиката од криминалот

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша порача дека „црвена линија на опозицијата за решавање на политичката криза е чистење на политиката од криминалот“. Тој нагласи дека нема ни најмала можност за каков било компромис, се додека политиката не се исчисти од криминалот. Лидерот на опозицијата посочи уште еден услов за надминување на политичката криза во земјата, а тоа, според него, е „декриминализација на изборите“.

Advertisement