Општина Пустец пушти во употреба шест езерски платформи (ФОТО + ВИДЕО)

Префектот на округот Корча, Дори Спиролари, Ана Веруши на Советот на округотКорча, градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, директорот на регионалната администрација на заштитените подрачја и раководителот на проектниот на КФВ, Констанце Шаф, пуштиа во употреба шест езерски платформи.

Тие ќе служат за активности за набудување на администрацијата на Националниот парк Преспа и на граничната полиција, а во исто време ќе го поддржат развојот на туризмот и риболов. Тоа е една од инвестициите на Проектот што поддржува ефективна заштита на природните ресурси и социо-економскиот развој во Националниот парк Преспа.

Во Мала Преспа живеат околу 5 700 жители, сите од Македонско етничко потекло и со православна христијанска вероисповед.