Општина Пустец нема машини за чистење снег (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Пустец, Мала Преспа, Едмонд Темелко апелира до надлежните оргнаи во Република Албанија да купат машина за чистење на снег бидејќи Општина Пустец со својот скромен општински буџет нема можност за таква инвестиција. Имено, како резултат на големите врнежи од снег и ниските температури, по сите патишта што ги поврзуваат селата во Општина Пустец движењето е тешко, а наместа и невозможно.

Општина Пустец ги покрива деветте села од областа Преспа, кои целосно се населени со македонско население. Со оглед на обврските на државата кон своите жители, Општина Пустец бара помош од државата за да се реши овој долгогодишен проблем. Апелите се уште погласни поради тоа што од страна на државните институци нема никаква реакција за проблемот на жителите на овој дел од албанската држава.

Advertisement