Општина Пустец организира акција за собирање помош за луѓето погодени од земјотресот во Албанија

Општина Пустец, Мала Преспа и Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски утре во дворот на Општина Пустец, организира акција за собирање помош за луѓето погодени од земјотресот во Албанија. Ги покануваме сите жители на Општина Пустец во овие тешки моменти да се солидаризираме и да донираме облека, храна за жителите погодени од земјотресот. Испраќаме сочувство на жртвите и нивните семејства.- стои во соопштенито на Општина Пустец