Општината Пустец е единствената во Албанија во која нема аптека

Општина Пустец, областа Мала Преспа е единствена општина во Албанија без аптека, поради што повеќе од 3 000 жители на оваа мала општина треба да поминат десетици километри за да набават лекови во Корча, Поградец или Ресен јави Ора њуз.

Аптека немаме. Нема каде да набавиме ниту основни лекови за едноставни болести. Кога имаме здравствени проблеми или самите одиме до Корча и Поградец или пак нарачката ни ја носи локалниот лекар или некој наш соселанец, но тоа не е решение, вели жител на Пустец.

Според жителите, аптека е неопходна, па апелираат да се најде решение и од државата.

Да ви кажам голема штета е што цела оваа област нема аптека. Докторот не е виновен. Бараме аптеката да биде отворена и да има фармацевти, вели друг  жител.

Градоначалникот на Пустец Пали Колефски за МИА потврди дека во општината нема аптека.

Точно е дека во општината не функционира ниту една аптека. Досегашните наши напори не вродија со плод. Како локална власт нудиме просторија за аптека без никаков надоместок, но фармацевтите не покажуваат интерес, рече Колефски.

Пустец е најмала  општина во Албанија со девет населени места кои се распослани на брегот на Преспанско Езеро. Наспроти претходните години кога тука живееја над пет илјади Македонци, поради потрагата по подобар живот, бројот на постојаните жители е над три илјади

Advertisement