Орбан: Европа е под мигрантска инвазија

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека не може да вети оти Унгарија ќе има пари за зголемување на пензиите доколку биде принудена да прими мигранти. Како што рече Орбан, доколку Унгарија мора да биде домаќин на мигранти со трошоци од девет милиони форинти (28.900 евра) за мигрант, најверојатно, земјата нема да има пари за детски додатоци и даночни олеснувања за семејствата со деца. Се наведува дека Орбан во видеоприлогот што го објавил на својата официјална фејсбук-страница рекол дека Унгарија мора да ги заштити сопствените достигнувања и мора да остане Унгарија. Орбан при претставувањето на кандидатите од својата партија во источниот дел на Унгарија рече дека постојат два типа земји во Европа: оние што се или ќе бидат окупирани од мигранти и оние што нема да дозволат таква инвазија.

 

Advertisement