Македонците во Јабука организират панахида за Гоце Делчев

Во организација на ЗГМНЗ „Илинден Јабука“ а под покровителство на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, на 04-ти мај 2017 година ќе се одржи Панахида за Гоце Делчев и во таа прилика ќе се положи цвеќе и ќе се одаде почит на нашиот револуционер и учител. Ги покануваме сите заинтересирани организации и поединци да земат учество во оваа Панахида. Панахидата ќе се одржи пред основното училиште „Гоце Делчев“ во Јабука, на 04-ти мај, со почеток во 12 часот.

 

Advertisement