Панди Јани претседател на огранокот на Партијата на слободата: Не се делете од македонското ткиво, кажете гласно дека сме Македонци

Панди Јани ретседател на огранокот на Партијата на слободата за областа Мала Преспа на поранешниот албански претседател Илир Мета побараа од Македонците во Република Албанија на попис на населението и домаќинствата, што почна денска да не потклекнуваат под никаков притисок и да се изјаснат она што единствено се-Македонци.

Го повикувам својот македонски народ да не потклекнува под никаков притисок и да не се дели од неговото македонско ткиво. Ние сме биле, сме и ќе останеме Македонци и покрај обидите на Бугарија да не прикаже како нешто што не сме. Со векови сме на овие простори како Македонци и тоа и ќе останеме. На моите драги Македонци, каде и да живеат во Република Албанија, им порачувам слободно да се изјаснат на прашањата за етничката, јазичната и религиска припадност. Да издржиме сите заедно, да не се делиме и да докажеме дека сме она што и навистина сме – Македонци, изјави за Македонски весник, Јани, претседател на огранокот на Партијата на слободата, на поранешниот албански претседател Илир Мета, кој често ја посетуваше Преспа и се среќаваше со, како што редовно ја нарекува, прекрасната македонска заедница.

Јани, кој беше кандидат за градоначалник на Пустец на последните избори во мај годинава, вели дека местото редовно го посетуваат бугарски емисари, но оти и покрај она што го подаруваат на „некои продадени души“ нема да постигнат ништо.

Сакам, додава, да ја повторам изреката што претходно ја кажав за вашата редакција „Со векови зборуваме, пееме и плачеме на македонски и сега сака некој користејќи ја сиромаштијата да не направи она што не сме. Но, едно им порачувам, дека ниту сме биле ниту ќе бидеме Бугари, Ние сме Македонци и така и ќе останеме“.

 

Advertisement