Партиите ја започнаа предизборната кампања во Албанија

Социјалистичката партија и останатите партии кои се пријавија за изборите на 18 јуни во Албанија, почнаа со предизборната кампања. Во меѓувреме, опозициската Демократска партија и понатаму ги оспорува изборите. Поднесена е жалба за отпишување на избирачките списоци. Имено, Аграрната партија е единствениот регистриран опозициски субјект на изборите и нејзиното лого е ставено како знак за застапување на опозицијата во Изборниот колеџ, со аргумент дека последниот ден за поднесување на списоците бил 28-ми, а не 29-ти април.

Демократската партија ги повика граѓаните на масовни протести в сабота. „Ја преземаш врз себе улогата да станеш погребувач на политичкиот плурализам. Те повикувам доколку ти останало бар малку човечки разум откажи се што поскоро од ова. Те повикувам да застанеш на прозорецот на 13 мај. Ти гарантирам дека протестот ќе биде мирен сите во Тирана на голем протест за одбрана на плурализмот.“ – изјави Сали Бериша, поранешен премиер

Advertisement