На предвремените парламентарни избори во Косово, што ќе се одржат на 14 фебруари, 2021 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата на Македонците од Гора „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 16 кандидати од разни делови на областa Гора. На листата се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на Македонска горанската заедница, во Косово зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово, вели претседателот на партијата и носител на листата, Адем Хоџа, дипломиран инжињер.
Хоџа упати апел до сите учесници на изборите, изборниот процес да се спроведе во согласност со меѓународните стандради, да биде фер и коректен. Реториката и активностите во изборната кампања треба да минат во мирна атмосфера и толеранција, за изборните резултати да бидат израз на желбата на народот. Нашата порака за овие избори е: Гора мора да победи, посочува Хоџа. Во областа Гора распослани се 9 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
